Македонија
11. September 2018 - 23:33

Мицкоски: Секој граѓанин сам да постапи според сопственото убедување

Прашањето за името е едно од најзначајните за нашата држава, ова не е прашање на Христијан Мицкоски и Зоран Заев , туку на Македонија и сите граѓани. Ова се историски моменти. ВМРО-ДПМНЕ во консултации со граѓаните за апстиненција или за против донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Македонија нѝ е сѐ, нема партиите да одлучуваат. За националното паршање ќе одлучи нацијата, порача Христијан Мицкоски од вечерашната прес конференција на која ја соопшти одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот.

Нашата татаковина е пред крстопат а ова се судбоносни мигови. Од власта ќе кажата дека е потребен исчекор напред ,а пред нас е бездна од Договорот од Преспа. Треба да се биде свесен дека со досега прифатеното Владата ги сруши сите преговарачки позиции.

Сакам да бидам реален и искрен. Македонија се наоѓа во тешка и деликатна ситуација доведена од луѓе водени за својот личен интерес. Тешката позиција ја споделуваат сите граѓани. На власт дојде Влада која нема никакви резултати. Нема напредок. Секојдневно се случуваат корупциски афери, стипендии за одбрани студенти, но не и за најдобрите, учебна година без нови учебници. Поради ваквата недемократска власт многу луѓе се самоцензурираат. Почна лов на јавно искажан збор. Ако не се багерите да газат, тука е полицијата да малтретира.

Македонија нѝ е во интерес и никој друг. Има работи за кои сме подготвени да платиме висока цена но има работи за кои нема да платиме никаква цена. Процесот на преговори за името од кои бевме исклучени

Не е проблем за власта да ги менува позициите дека нема да го менува уставот. Ако тоа за Заев не е проблем за мене е.

Договорот за името не го прифаќаме. Ние сме против овој договор оти се менува уставот на Македонија, националниот идентитет, патните исправи, личниот идентитет. Се прифаќа ревидирање на културата. Сето ова е спротивно со нашите ставови. Тоа јас нема да го правам оти е неодговорно. Со овој договор исчезнува резулуцијата на ОН, и Хашката пресуда.

Референдумското прашање е повеќе значно. Свесно собра прашања дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Грција за да ги збуниу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ и НАТО. Република Македонија не смее да има поинаква иднина трасирана во овие организација. Но, сме против Договорот.

Владата почна жестока кампања за ЕУ и НАТО, но во која нема ништо за промена на името. Си играат со емоциите на луѓето.