Македонија
6. February 2019 - 12:27

Мицкоски се сретна со српскиот претседател Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес (06.02.2019) оствари средба со Претседателот на Република Србија и претседател на СНС г. Александар Вучиќ.

Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.

Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакна Мицкоски.