Македонија
29. November 2018 - 19:16

Мицкоски се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес (29 ноември 2018-та година) оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, економската состојба во државата како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија.

Претседателот Мицкоски го истакна политичкиот прогон кој се врши врз десетици членови на опозицијата и директниот атак врз опозициската мисла и посочи дека таквото однесување на власта ја оддалечува државата од остарување на стратешките приоритети, членството во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека економската состојба во државата е значително влошена, а власта недоволно се посветува на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, напоменувајќи ги големиот број на афери и сомнежи за злоупотреби на власта на штета на граѓаните.

На средбата се говореше и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Италија и Република Македонија како и значењето на поддршката која Македонија ја добива од Италија на патот кон членството на државата во ЕУ и НАТО.