Мицкоски се сретна со чешкиот амбасадор Томан
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (22 февруари 2019-та година), заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.
На денешната средба се разговараше за повеќе теми како и за актуелните политички случувања во Република Македонија.
Мицкоски го информираше амбасадорот за последните случувања кои се случија изминатите денови. За политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата. Претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните. Животите на луѓето кои се во притвор поради политичките процеси се загрозени, а власта се обидува со манипулации да одбегне одговорност. Нема друга држава во светот каде власта така брутално се пресметува со опозицијата и со граѓаните, истакна Мицкоски. Тој истакна дека потребен е јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе ги расветли сите коруптивни и криминални активности, и воедно ќе обезбеди спроведување на правдата и правната држава.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците