Македонија
4. August 2019 - 15:12

Мицкоски: Разум и вистинско водење грижа за касата, а не корупција и скандали

Почитувани,

Изминатиот период македонската јавност беше сведок на низа коруптивни и криминални скандали во кои што главна улога беа луѓе кои што се дел од врхушката на власт, или луѓе кои што се блиски до врхушката на власт.

И наместо како што тоа треба да го прави одговорна влада која што треба да се бори бескомпромисно со криминалот без разлика кој е сторителот и кој е предизвикувачот на тој криминал, го видовме Зоран Заев и претставници на врхушката на власт кои се обидуваат несмасно да ги прикријат овие скандали така што во јавноста отпочнаа една нова кампања каде што велат дека всушност не било сега време за предвремени парламентарни избори бидејќи ние сме блескале и економијата била со рекордни резултати.

Но, какви се фактите? Во интерес на вистината јас би сакал денеска да зборувам за вистинскиот, реалниот свет, а не за оној паралелниот во кој што живее Зоран Заев, криминалците околу него и луѓето кои што се негови обожаватели и кои што велат дека всушност политиките на владата во делот на економијата ги носат потребните ефекти.

Какви се вистинските резултати во оној вистинскиот свет каде што луѓето се борат со сиромаштијата, каде што луѓето во своите џебови носат празни паричници?

Имено, Зоран Заев и луѓето околу него на крајот од 2018 година на прес конференција ќе објават дека рекордно ниво постигнала просечната плата во месец декември 2018 година, во износ од 25.784 денари. Тогаш велевме дека потребно е да бидат сериозни и да и ја соопштат на македонската јавност вистинската и реалната економска ситуација во државата и дека тоа е исклучиво резултат на погубните политики од аспект на зголемените даноци кои што во тој период следеа од јануари месец 2019 година и дека всушност во декември месец се исплаќаат бонусите и се исплаќаат дивидентите за сопствениците и менаџерите на компаниите.

Дека бевме во право, веднаш потврда стигна од јануари месец 2019 година па се до мај 2019 година, кога просечната плата е за 1.113 денари по мала од таа која што ја објави Зоран Заев и тогашниот трет член на економскиот цунами тим во владата на Република Македонија, господинот Тевдовски или за 4,5 проценти пониска, од таа која што тој ја објави во декември месец 2018 година.

Потоа, продолжија да се фалат со директните странски инвестиции и велеа дека се рекордни во 2018 година и дека надминале историско ниво. Каква е реалноста? И тогаш велевме дека е тоа резултат на зголемените даноци кои што ќе следат во следната 2019 година, дека тој резултат на реинвестираната добивка на странските инвеститори кои што се резултат на напорите на некој претходни влади. Но, продолжија да го лажат каква што е и нивна карактерна особина, сопствениот народ и сопствените граѓани и демант на нивните тези, а потврда на нашите тези веќе стиган во првиот квартал од 2019 година кога нивото на директни странски инвестиции изнесува 21,6 милини евра, што е за 90тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018 година.

Според неофицијалните податоци кои што ги добиваме, во месец април имаме незначително зголемување на директните странски инвестиции но потоа имаме повторно одлив во месец мај, и таков одлив се очекува во месец јуни бидејќи доаѓаат до исплата на дивидендата. Или повторно ќе имаме една катастрофална ситуација во вториот квартал од 2019 година за директните странски вложувања во Република Македонија.

Индустриското производство.

Индустриското производство во првиот квартал 2019-та година, оној квартал кој што се споредување со исклучително катастрофално нискиот прв квартал во 2018-тата година.

Се сеќавате на оние насмеани лица на двоецот, сега веќе двоецот не е троец, Анѓушев – Заев на онаа прес конференција во Владата, изнесува речиси 9%, но додека пак во вториот квартал имаме исклучително катастрофално ниско ниво на пораст на индустриското производство од 1,33%, т.eс. трендот на опаѓање од април месец до јуни месец се движи со следните стапки.

Имаме раст од 5,5 во месец април, имаме опаѓање во месец мај од 1,2%, имаме негативно салдо на индустриското производство од 2,7% во месец јуни.

За речиси седум пати пониско индустриско производство во вториот квартал имаме во 2019-тата година отколку индустриското производство во првиот квартал од 2019тата година.

Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал од 2019-тата година веше зголемен за 1,2%, додека пак во вториот квартал од 2019 година споредено со вториот квартал во 2018-та година имаме намалување на бројот на работниците во индустријата од 2,3%.

Извршените градежни работи во месец април се за 10% пониски од истите извршени градежни работи од месец април 2018-тата година. Во месец мај ситуацијата е уште покатастрофа, 20-тина проценти пониски извршени градежни работи во 2019-тата споредено со извршените градежни работи во 2018-тата. За 15% имаме помалку извршени градежни работи во периодот април-мај 2019-тата споредено со април-мај 2018-тата година.

Сето ова вели дека вториот квартал од 2019-та година ќе биде исклучително лош и растот може да биде незначителен или да биде еднаков на нула, доколку повторно како што тоа беше пракса во минатото, премиерот неколку денови претходно ни ги кажува бројките кој што треба да ни ги соопшти Државниот завод за статистика.

Доколку Државниот завод за статистика професионално ги обработи параметрите од вториот квартал, тогаш економските резултати во вториот квартал од 2019-тата година ќе бидат исклучително, исклучително катастрофални.

Блескаме само во оној свет кој што го живее Зоран Заев и неколкумина обожаватели и апологети околу него.

Каква е ситуацијата во буџетот?

Ситуацијата во буџетот е катастрофална. Доколку се анализираат извештаите кој што управата за јавни приходи ги публикуваше, заклучно со месец мај, откако ние ги објавувавме тие резултати, престанаа да објавуваат извештаи за месец јуни. Ситуацијата е следна.

Во првите шест месеци потребно било, планирано било да бидат наплатени 43,4 милијарди денари, а во суштина биле наплатени околу 39,3 милијарди денари. Односно кусокот кој што во буџетот се слеал или требало да се слее, а резултат на катастрофално лошото работење и приходување од страна на Управата за јавни приходи е некаде околу 4,1 милијарди денари.

Посебно е катастрофална ситуацијата во вториот квартал, или таа е за некаде нешто помалку од 12% послаба наплата имаме од онаа која што е предвидена со претходниот план на почетокот на годината.

Имено, во месец април имаме речиси 6% помала наплата од планираната, во месец мај имаме речиси 13%, додека пак во месец јуни имаме речиси 16% помала наплата од онаа која што била планирана на почетокот на годината.

Економската и финансиска моќ на компаниите и на граѓаните е катастрофална и затоа уште еднаш, почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни, ќе ја повторам тезата дека живееме во два паралелни света со господинот Заев. Едниот е неговиот, оној многу малиот исполнет со малкумина обожаватели кои што му велат дека блескаме, и оној којшто го живеат граѓаните на Република Македонија во беда, во сиромаштија и со празни паричници.

Извршувањето на буџетот како петти параметар којшто на денешната прес конференција ќе го анализираме во периодот јануари-јуни е исто така катастрофален кога станува збор за развојот на Република Македонија од аспект на инвестиции во капиталните расходи. Имено, реализацијата на приходите и расходите е некаде околу 45% од она коешто било планирано на почетокот на годината, но она што загрижува и што беше вистински мотив на Зоран Заев да го приграби министерството за финансии е обидот да сите ненародни, сите криминални, сите погрешни политики во изминатиот период да се обиде преку државниот буџет да ги корумпира, да ги корумпира граѓаните и гласачите во Република Македонија мислејќи и играјќи на картата на кратко помнење. Имено, трансферите имаат реализација над 50%. Кога сме кај капиталните трошоци и кога сме кај капиталните расходи, нивото на реализација е катастрофални и ниски 20тина проценти.

Се сеќавате кога заменик претседателот на Владата, господинот Анѓушев кажа дека таа не била точна бројка, односно го демантираше претседателот на Владата неговиот претпоставен и сегашен сива еминенција во Министерството за финансии, господинот Заев коешто пак министерство во реализацијата на буџетот публикуваше параметар од 20тина проценти катастрофална реализација на капиталните трошоци. Додека пак дефицитот е на реализација некаде околу на 40тина проценти. Или доколку до крајот на годината дефицитот се реализирал онака како што бил планиран тогаш капиталните инвестиции нема да надминат стапка на реализација поголема од 50тина проценти, т.е. да сумирам, ќе недостасуваат некаде околу 200 милиони евра коишто биле потребни и коишто биле планирани за капитални инвестиции во Република Македонија.

Вистинското прашање е каде ќе отидат тие пари? Тие пари ќе отидат преку трансфери во обидот на Зоран Заев да ги затскрие ненародните криминални политики кои ги води неговата Влада и да месеци пред избори се обиде да игра на картата на кратко помнење кај граѓаните и истите тие да ги корумпира преку таков тип на трансфери. Што е тука погрешното? Погрешното е што дефицитот и планираните раздолжувања кои што ќе ги прави Владата на Република Македонија се финансираат со дополнителни задолжувања. Тие задолжувања во првите 6 месеци од годината се на ниво од отприлика 16 милијарди денари, 16 милијарди денари, 9,5 милијарди денари се средства коишто ги финансираат овие егзибиционистички и антибизнис политики на Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев. Преку државните записи 5,5 милијарди денари се финансирани од депозитите коишто ги има Владата во рамките на Народна банка на Република Македонија и некаде една милијарда денари се странски заеми и други приливи коишто се слеваат во буџетот.

Со други зборови, да сумирам, оваа антибизнис и оваа антиекономска политика на Владата на Република Македонија којашто ја предводи Зоран Заев ја турка Македонија назад и е вистинска слика на вистинските политики и намери на Зоран Заев кога сакаше да се само прогласи себеси за министер за финансии и да ги приграби финансиите на граѓаните кои што се слеваат во Буџетот на Република Македонија.

Ние како опозиција за овие вистински намери, но и за намерите на Зоран Заев во периодот кој што претстои да издаде уште една државна обврзница за да може да ги финансира овие авантуристички политики, ќе ги информираме сите меѓународни претставници. Сите меѓународни претставници, политички, но и финансиски кои што се во Република Македонија, дека на следните парламентарни избори доаѓа до промена во Владата на Република Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата на Република Македонија и ваквиот тип на авантуристички потези на Зоран Заев и владата кој што тој ја предводи нема да можеме да ги толерираме и можеби ќе биде доведено под знак прашање нивното сервисирање.

Затоа уште еднаш апелирам на разум и вистинско водење и водење грижа за касата која што практично треба да се занимава со развој на Република Македонија, а не корупција и скандали кои што се практично се дел од секојдневието во Република Македонија.

Доаѓа обнова и доаѓа победа на следните парламентарни избори и формирање на нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање, новинар: Прашање надвор од темата, советниците на Зоран Заев започнаа со интензивна кампања да прогласуваат критички настроени медиуми и оние кои што не им одговараат, не им се воодушевуваат, за лажни вести. Како ќе одговори опозицијата на ова, ќе проба ли некако да ги заштити овие критички настроени медиуми и новинари од намерата за цензурирање?

Одговор: Како ВМРО-ДПМНЕ го кажавме нашиот став во минатото дека ова е враќање во 1949 година, односно во еден друг политички систем кој што е дел од минатиот век. Тоа е карактерна особина на овие политичари кои што се практично заменици на политичарите од тој политички систем од средината на минатиот век. Обидот за цензура е недозволив, обидот за цензура на Зоран Заев да се случи само онаа вистина која што тој сака да ја слуша, практично ја кажав јас и на денешната прес конференција. Тоа е еден паралелен свет кој што е различен од оној вистинскиот и реален кој што го чувствуваат граѓаните кои што живеат во беда и сиромаштија и со празни паричници. Истото тоа се рефлектира и во делот на работењето на медиумите во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки кои што му стојат на располагање да се спротивстави на овој обид, сталинистички обид на Владата на Зоран Заев и обидот да се замолчат критичките новинари и медиуми на сметка на оние апологети кои што се скапо платени со пари од државниот буџет во кој што сега гледаме како сива еминенција располага и управува Зоран Заев.

Прашање, новинар:После последната средба на работните групи за Законот за обвинителство верувате ли дека ќе има консензус во овој правец?

Одговор: Јас секогаш верувам дека доколку постои честита намера од спротивната страна дека е можен консензус. Тука на една ваква слична прес конференција го објаснивме го елабориравме нашиот предлог за Законот за јавно обвинителство кој што е согласно законите кој што е согласно Уставот и кој што навистина има реформски цели на сметка на оној предлог закон кој што го испорача Владата, кој што има една единствена цел, пресметка со политичките неистомисленици, продолжување на политичкиот прогон и по можност затворање, односно угушување на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека на следните парламентарни избори ќе бидат декласирани и дека ќе бидат во опозиција и ќе мора да сносат одговорност за целокупната оваа промашена ненародна криминална и коруптивна политика изминатиот период. Така што да го сумирам одговорот на вашето прашање. Јас сакам да бидам оптимиста и верувам дека ќе се вразумат од Владата и дека ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е апсолутно согласно законите и согласно Уставот во Република Македонија. Јас сум свесен дека ќе излезат повторно со вакви и ли такви коментари, авторот на тој текст кој што е главен кочничар во преговорите, но и предлагачот на овој текст. Но и свесен сум бидејќи единствената цел во овие преостанати неколку месеци е токму непринципиелна и насилна пресметка со опозицијата, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме принципиелен став. Имаме став кој што е во согласност со законите и Уставот во оваа држава и не се плашиме да го елаборираме и да се соочиме со фактите и аргументите од спротивната страна кој што за жал, еве може да ви кажам дека на тие преговори посебно од страна на изготвувачот на тој закон изостануваат туку тие состаноци изобилуваат со еден вид изразено чувство одмазда, чувство за атак и политичка пресметка со неистомислениците, во случајот опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање, новинар:Како продолжение на ова, таму функционираат, зборувам за Законот за обвинителство и СЈО, функционираат работни групи, истото се случува и со пописот, иако можеби таму процесот полесно се одвива барем по првата средба. Што е со изборниот законик третата точка со која што се судрени со власта, дали таму можеме да очекуваме работни групи, особено во контекст на барањето на за предвремени избори?

Одговор: Работни групи постојат по сите три основи и по Законот за јавно обвинителство и по Законот за попис, но и по оние измени кои треба да следуваат по Изборниот законик, а кои што се резултат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Така што преговорите течат, ќе продолжат да течат се надевам дека на крај ќе постигнеме едно компромисно решение по сите овие точки, но се разбира тоа компромисно решение треба да биде решение кое што ќе донесе развој и просперитет во оваа држава, а нема да биде резултат на политички желби на поединци и авторитети во власта, предводени од СДСМ и Зоран Заев.

Прашање, новинар: Кога предвремени избори во таков случај ако се договорите?

Одговор:Видете како опозиција час поскоро ние бараме предвремени избори и тука нема никаква дилема, тоа сме го кажале во многу наврати во минатото. Практично предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Така што опозицијата е подготвена веднаш штом парламентарното мнозинство одлучи да ги распише тие предвремени парламентарни избори иако ние како опозицијата знаете дека инсистираме на предвремени парламентарни избори и две дати дури предложивме, едната да биде на почеток на април, имајќи ги во предвид Велигденските празници, другата да биде некаде крајот на мај имајќи ги во предвид Рамазанските празници следната година. Останува сепак на парламентарното мнозинство да одлучи се разбира, ние се што ни стои на располагање, сите оние демократски алатки ќе ги искористиме да ги убедиме од парламентарното мнозинство дека час поскоро ни се потребни предвремени парламентарни избори. Не само што во економијата имаме економски цунами туку генерално на политичката сцена во Република Македонија имаме една плеада на коруптивни и криминални скандали кои што гледам дека се нижат секојдневно. Не би ме изненадило доколку тие продолжат со иста динамика во периодот кој што следи, во кој што главни актери се луѓе кои што се дел од врхушката или блиски до врхушката на власт се разбира предводени од Зоран Заев и од СДСМ. Октоподот има широко распространети пипци.

Прашање, новинар: Господине Мицкоски, дали април, мај или октомври како што рече премиерот Заев, секако наредната година е изборна. Дали ќе се менува изборниот модел, дали останувате на барањето за мнозински изборен систем или разговарате за намалување на бројот на изборни единици? Можеби на една?

Одговор:Ние на тие разговори, на тие преговори ќе ги изложиме нашите симулации, нашите гледишта како треба да изгледа практично еден изборен циклус во Република Македонија, а да даде одговор на барањето на најголемото мнозинство граѓаните во Република Македонија. Немам дилема дека на крајот треба да постигнеме договор барем што се однесува на оние препораки на ОБСЕ и ОДИХР тука немам никаква дилема, бидејќи на тој начин само ќе се подобри квалитетот на изборниот модел. Што се однесува на методологијата, бројот на изборни единици итн. да оставиме работните групи да поработат да излезат со заедничко мислење. За нас неколку предлози во минатото беа атрактивни. Тие предлози како политичка партија на прес конференција сме ги кажале на тие предлози треба вредно да се потроши времето и да се позанимаваме практично со тоа што се вели предлог и на опозицијата.

Прашање, новинар: Уште едно потпрашање на темата за која говоревте, околу економската кондиција што евентуално би го наследиле раководењето со земјата по наредните избори. Дали мислите дека е толку лоша што како што рековте не би можеле да се сервисираат долговите, односно земените кредите? Толку е лоша состојбата.

Одговор: Видете во овој момент ние имаме реализација, еве ќе се обидам пластично да одговорам. Тоа е како да имате едно семејство кое што ќе го заложи сопствениот дом, без разлика дали е стан или куќа и ќе подигне кредит на тој дом, ќе ги потроши парите по луксузи итн. И потоа кога ќе дојде денот да го отплаќа земениот заем ќе нема како да го сервисира и тогаш ќе остане и без сопствениот дом. Отприлика таква е моментално ситуацијата во Република Македонија и токму еден од трите столба во стратегијата на Зоран Заев за останување на власт беше приграбување на министерството за финансии дополнително задолжување, еве видовте почнуваат несразмерно, нелогично да ја подготвуваат македонската јавност за едно такво задолжување од половина милијарда за изградба на Клинички центар иако имавме Клинички центар кој што требаше да се изгради и ќе беше 5 пати поевтин од овој кој што го планира Зоран Заев, а ќе беше еднакво функционален во споредба со овој кој што го планира Зоран Заев. Но се разбира со тој немаше можност за Зоран Заев да корумпира и она кое што како индиција го имаме, а врз основа на анализата на перформансите и структурата на македонскиот буџет е дека практично него ќе му биде потребно издавање на нова државна обврзница која што практично ќе ја понуди на меѓународниот пазар од минимум половина милијарда евра, а кои средства на него ќе му бидат потребни за санирање на буџетскиот дефицит, но истовремено и за обид за корумпирање на граѓаните во Република Македонија. Ситно корумпирање се разбира, за да може да игра на картата на кратко помнење за сите оние анационални лоши криминални и погрешни политики кои што беа дел од неговото политички битисување изминативе веќе три години.

Прашање, новинар:Сметате дека е толку лоша ситуацијата, може да се случи она Грчко сценарио должничко?

Одговор:Па моментално како што стојат работите, одиме кон такво сценарио и ако продолжиме неконтролирано да се задолжуваме имаме 2 избора, првиот избор е да ги сведеме на минимум капиталните инвестиции, впрочем тоа во некоја мерка и се случува, бидејќи капиталните инвестиции се на едно многу ниско ниво, рекордно најниско ниво од тоа што досега било пракса во минатото. И второто е да продолжиме да се задолжуваме до момент кога што нема да можеме да го сервисираме долгот. Инаку нема друга алтернатива за овие авантуристички политики на Зоран Заев.