Македонија
23. November 2020 - 19:58

Мицкоски: Разочаран сум и лут поради неспособноста на здравствените власти во справувањето со короната

„Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител. 

Мицкоски кажа дека е сведок на многу јавувања на сограѓани кои што тие го преживуваат денеска справувајќи се со оваа пандемија која што за жал поради немањето на јасна визија и стратегија од власта граѓаните страдаат со своето здравје и животи.

„Ние како опозиција понудивме многу работи, а односот од страна на владата беше игнорантски и онака буквално брутално бевме одбиени. Еве последно што понудивме беше да се формира КОВИД Комисија. Како по принципот на многу држави во регионот кои што формираа една таква КОВИД Комисија и оваа КОВИД Комисија е таа која што е најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Но бевме одбиени“, нагласи Мицкоски.

Според него Владата не доведува во ситуација само на парадоскални ситуации или влегуваме во тоа мочуриште. 

-Луѓето чекаат за медицинска нега по ходиници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно, рече Мицкоски.

Тој во своето гостување  зборуваше за кое е решението да се надмине целата оваа ситуација со КОВИД-19 и рече дека според него и ВМРО-ДПМНЕ е да има експертска влада која ќе биде составена од врвни експерти кои многу подобро ќе се справат и од Караџовски и од Заев. Мицкоски во своето гостување додаде дека потребно е лидерска средба за да се смират граѓаните  затоа што тие смеетаат дека додека луѓе се борат за живот политичарите мудруваат со политиканство.

-Нашиот предлог е експертска влада. Експерти сигурно подобри од тие кои што сега се покажаа како тотално несоодветно во справувањето со пандемијата.Тоа се луѓе експерти кои многу подобро ќе се справат од политикологот Караџовски, кој што многу подобро ќе се справат од Зоран Заев. Еве јас барам само да седнеме на таа лидерска средба и да се договориме, тоа е суштината да ги смириме граѓаните , да им покажаеме дека можеме кога е најтешко да се договориме, затоа што денес  знаете денеска какво е чувството кај  граѓаните? Луѓето се борат за живот, а вие политичарите се надмудрувате со политиканство и токму тоа сакавме ние да покажеме свесност, одговорност и зрелост. Ајде да ги надминеме нашите  политички  недоразбирање и да седнеме и да раговараме, додаде Мицкоски.