Македонија
7. August 2021 - 16:46

Мицкоски растовара камион со вода донација од ВМРО-ДПМНЕ во беровско Будинарци | ФОТО

Опозицискиот лидер Мицкоски придружуван од партиска делегација попладнево во беровско Будинарци го пречека камионот со вода кој неговата партија го донираше за локалното население и оние кои се вклучени во гаснењето на пожарите. 

На фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи може да се види како Мицкоски, потпретседателот Мисајловски, портпаролот Арсовски и други партиски претставници ја растовараат водата од камионот.

 

 

 

 

Александар Спасовски