Македонија
9. October 2021 - 15:29

Мицкоски: Прилеп не го заслужува ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее

Благодарам на интересот, денеска сме овде во Прилеп градот херој, ќе имаме исто така во понеделник централен митинг овдека во Прилеп. Она кое што денеска сакам да го порачам во Прилеп е дека Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани.

Затоа сме тука да им ја пренесеме нашата порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат, не треба да очајуваат, најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески.

Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и  за прилепчани.

Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие даваат поддршка, апатијата која што владее низ цела Македонија е пресликана и овде во Прилеп.

Но, затоа сме тука да упатиме порака дека иднината доаѓа, дека промените, проектите и победите се тука. И дека заедно, заедно на 17-ти октомври треба да создадеме нова заедничка просперитетна иднина која што ќе ги отвори нели можностите за сите граѓани вклучително и за Прилеп и за прилепчани.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ