Македонија
16. November 2019 - 17:05

Мицкоски: Предлогот може да се претвори во приказна без крај

За новата методологија на ЕУ за проширувањето, Мицкоски рече дека претставува рамка чии детали дополнително ќе се прецизираат и утврдуваат.

– Колку време сега ќе биде потребно оваа рамка испорачана како „Нон пејпер“ од Франција да биде уредена и детализирана во документ, како и колку ќе биде подолг патот за членство на Македонија. Очигледно е дека нашите партнери од ЕУ констатирале дека постојат двојни стандарди кај земјите аспиранти за членство. Доколку видат дека вие формално, а не суштински затварате поглавја, постои можност повторно да се навраќате на иста група поглавја, а тоа може да прерасне во приказна која нема завршеток. Затоа потребно е да се европеизираме одвнатре, за да можеме да бидеме конкурентни во Европа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, најголемата историска и политичка грешка е лагата што го донела Заев на власт, најпрво наречена „живот за Македонија“, а потоа креирањето и водењето политика на коленичење, со што ги навредил граѓаните.

– Играјќи „All inn“ изгубивме сите ние, но не треба да очајуваме. ВМРО-ДПМНЕ има визија знае како да ги води, така што сум убеден во онаа брза лента за членство во ЕУ. Дали тоа ќе биде за пет години или никогаш, тоа зависи од нас, рече меѓу другото лидерот на најголемата опозициска партија.