Мицкоски: Пратениците треба да ги корегираат политиките на старо-новата влада
Обврската пред новиот пратенички состав е мошне сериозна. Македонија е пред отворање на пристапни преговори со Европската унија, но истовремено се соочуваме со здравствени, економски, социјални и образовни предизвици кои се од голем размер, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната обука „Зајакнување на капацитетите на новоизбраните пратеници“, организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот „МК91“.
-Предизвиците кои стојат пред сите нас се глобални, но и внатрешни, поврзани со лошото владеење, злоупотребата и нефункционалноста на институциите. Токму со силен капацитет нашата пратеничка група треба да биде истовремено и коректив на сите погрешни чекори на актуелното парламентарно мнозинство, но истовремено да нуди и мерки и решенија кои ќе обезбедат просперитет, стабилност и поквалитетен живот за нашите сограѓани, рече Мицкоски.
Овој пратенички состав пред себе ќе биде исправен со сериозен предизвик да корегира политики на една старо-нова влада која, како што рече лидерот на опозицијата, покажа исклучително низок капацитет во справување со барањата потребите и проблемите на граѓаните.
-Македонија за жал овие три години назадува, стана најкорумпираната држава во Европа, а има и пад на листата на Дуинг бизнис, што говори дека сивата економија и криминалот сериозно удираат по стабилноста и просперитетот на Македонија. Заради ваквата состојба имаме сериозен пад на економијата и стандардот на граѓаните кој дополнително го влошуваат со непромислени потези како поскапување на електричната енергија, но истовремено сме земја од која најголем број млади сакаат да се отселат. Европските вредности и стандарди стануваат се подалечни за нашиот народ, бидејќи таму кај што царува криминалот, селективната правда и сиромаштијата, таму нема напредок. Колку порано се застане на патот на оваа деструктивност, толку побрзо ќе се фати патот на успехот и благосостојбата. А вие како пратеници сте ја добиле поддршката од народот за тоа да работите и за тоа да се борите, порача Мицкоски.
Според него, избраните пратеници, со својот личен придонес за промоција на европските искуства и вредности ќе помогнат Македонија побрзо и поуспешно да излезе од вртлогот на безредието и да чекори кон подобро утре на нашите идни генерации.
Фондацијата „Конрад Аденауер“ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ која во изминатите 20 години има вложено многу во зајканување на капацитетите на нашата политичка партија. Таа соработка ја цениме и ќе продолжиме со засилена динамика да ја развиваме и негуваме.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка