Македонија
16. January 2019 - 19:12

Мицкоски повторно повика на предвремени парламентарни избори

Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба.

Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија.

Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората.

Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата.

Избори за Република Македонија.