Мицкоски: Потребни се промени во Карпош за да направиме најмодерна и најурбана општина во државата
Потребни се промени во Карпош за да направиме најмодерна и најурбана општина во државата, порача лидерот на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача.
Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо.
Народна банка излезе веќе со ревидирана проекција дека инфлацијата е 2.5%, а веќе во овој момент во петтиот месец од годината е три проценти, со голема можност да оди и многу нагоре некаде над 5 проценти, што значи едно сериозно поскапување на животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Прашањето кое што се поставува, додава тој, и на кое што не добиваме одговор е зошто во Македонија не доаѓаат проекти, зошто за Македонија нема грантови и нема големи инфраструктурни проекти како што е изградба на брзата железница и на автопатски решенија низ Македонија.
Нема бандит и криминалец, прво локално, а сега во европски и во светски рамки кој што на било кој начин не е поврзан со Зоран Заев. И мислам дека во следниот временски период ќе излегуваат многу повеќе а после промената на власт мислам дека ќе е шокирана македонската јавност кога ќе гледа со кого се, се среќавал и што се договарал, потсети Мицкоски.
Ново на Сител
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ