Македонија
27. October 2020 - 10:00

Мицкоски: Поради пандемијата и високото ниво на загаденост, хронично болните да се ослободат од работа

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од КОВИД-19 апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања.

Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.

Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!