Македонија
17. October 2021 - 23:57

Мицкоски: Победивме во 22 општини, а водиме во уште 20

Во Скопје, независната кандидатка Данела Арсовска води со 2750 гласови пред Шилегов. Во повеќе од 50 општини очекуваме мнозинство во советот, вклучително и на градската листа во Скопје, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.

Според него, партијата победила во 22 општини, а води во повеќе од 20 општини.

-Во советничките листи очекувам разликата да биде повеќе од 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски и соопшти дека може ќе формираат ново парламентарно мнозинство во меѓувреме.

Во однос на Куманово, велат дека кандидатот Тони Михајловски ќе влезе во вториот круг и дека не размислуваат се уште за друга опција.