Македонија
15. July 2018 - 15:03

Мицкоски побара амнестирање на лицата од 27-ми април: Доста беше уништување на македонското во Македонците!

Имаме одземена држава. Дојдоа на власт со сурова злоупотреба на судбини. А денес нема недела да не ни се случи по некоја смрт на дете, некое претепано бебе, злоупотребен малолетник, прерано изгубен човечки живот.

Ова го порача Христијан Мицкоски на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ  во Кавадарци.

-Некоја мајка која се завива во црно и некој плач од кој се превртува душата и силно боли, а боли зошто се чувствувате беспомоши и во исто време обесправени, затоа што секој од вас знае дека туѓата болка може да биде и ваша. Нив не им е гајле, со хелихоптерот ќе си одат на вечера.  Власта ја загуби совеста. Министерот за внатрешни ќе го видите во јавност како се приклучува на онаа партиски оркестрираната еуфорија за НАТО, демек славел, ама нема да го видите на прес-конференција да објасни за причините и мотивите за прерано изгубениот живот на Никола Саздовски, дека ги фатил злосторниците и дека истите се во занданите и ќе одговараат за злоделото кое го направија. Нема тоа да го слушнете, но затоа ќе ги видите во скапите лимузини  и ќе ги видите во рестораните како прославуваат. Најмалку што треба да направи, ако има и најмала совест во него е да излезе и да поднесе неотповиклива оставка веднаш. Сведоци сме на други немили настани во градот Скопје кои проаѓаат онака како ништо да не се случило, како статистичка грешка. Деца се прободени со ножеви, а сторителите на тие злодела кои што се фатени, добиваат казна засилен надзор од социјален работник. Па тие луѓе ќе ги изгубат животите, што треба повеќе да се случи за да веруваме дека не ве бива? Дека не знаете што правите. Не можете тоа да го покриете со нарачани текстови и против мене и  против ВМРО-ДПМНЕ, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека кога се бара амнестија за лицата од 27-ми април, се вели „Доста беше уништување на македонското во Македонците“.

-Тоа за нив не е доволно, затоа што тие пуштијана слобода над 800 криминалци, кои се вратија на улиците. Тие може да ги амнестираат, а патриотите не може.  Нема веќе така! Денес на слобода шетаат и оние убијци на децата кај Смилковското езеро, и кога ќе се запраша некој зошто Владата е млака, зошто Заев така млако дејствува и не ги осудува остро ваквите случаи на насилство, зошто нема ревносна реакција на институциите на системот? Затоа што мораме да бидеме искрени и да кажеме дека тој на овој начин тргува со гласови. Она што за обичниот човек значи страв и несигурност, за него значи простор за договори и политички поени, токму со оние криминални структури од населението со кои оваа власт е во тесна и нераскинлива врска и папочно се поврзани. Владата на СДСМ и криминалците ослободени од затворите. Затоа е потребна амнестија за нашите патриоти  од 27-ми април, порача Мицкоски.