Македонија
15. April 2021 - 14:21

Мицкоски отвора афера „Мафија 2“: 20.000 матични броеви се дупликати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите тврди дека постои втор дел на аферата „Мафија“.

Имено, станува збор за нова афера „Мафија 2“,каде што повеќе од 20 илјади граѓани имаат дупликат матични броеви, а во исто време истите ги има на избирачкиот список на повеќе од едно место.

Во продолжение фотографиите кои ги приложи Мицкоски како доказ за аферата „Мафија 2“.