Македонија
14. December 2018 - 21:13

Мицкоски од М.Каменица: Зголемените даноци го зголемија трошокот за бизнис!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја посети Македонска Каменица, при што одржа средба со членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во својот говор пред сопартијците од М.Каменица, Мицкоски рече дека Македонија има премиер кој бега од дебата за клучните прашања кои го мачат секој Македонец. 

- Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што владата ветуваше докторска плата од 1500 евра, но нема ништо од тоа. Капитацијата што им ја ветуваа на матичните лекари им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод. За младите ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование, но нема ништо и од тоа. Повратот на ДДВ доцни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис. Домашното стопанство е во криза, а животот на земјоделците е потежок од  кога било, истакна Мицкоски.
 
Како што истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ луѓето од Македонска Каменица како и секаде во државата се загрижени за својата и иднината на својата земја.