Мицкоски од Куманово: Време е да си заминат Зоран Заев и неговите градоначалници, малите зоранчиња
„Овој календар го земав драги пријатели за да го видат добро и Оливер и Зоран, 52 месеци се Влада во Македонија, доста живеете пред 10 години, доста ја враќате Македонија во минатото. Јас знам дека е толкав вашиот капацитет, да се вратите 10 години наназад, вие не знаете како напред. Свесен сум, потполно ве разбирам, но не можам да ве оправдам“, им се обрати на власта Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Куманово.
Мицкоски порача дека ќе дојдат луѓе кои што знаат како напред. Ќе дојдат луѓе кои што имаат визија, план за нова иднина. Луѓе кои што знаат да донесат промени, кои што знаат да изработат проекти, кои што знаат да победуваат и да создаваат нова иднина.
„Време е да си заминат Зоран Заев и неговите градоначалници, малите зоранчиња. Така и овде во Куманово, но овде вие имате привилегија, овде немате еден таков, овде имате двајца. Двајца послушни зоранчиња, кои што се кандидираат за градоначалник. Едното е она кое што е велат дека гордо се преставувало како прва виолина на Оливер Спасовски, тоа е Оливер Илиевски се викал. А, вториот додуше малце попалав е во последниве неколку недели, Максо се викал. Но, прашањето е кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро и што овие луѓе направија изминатите 30 години“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за жал овие луѓе ништо не направија добро за кумановци и Куманово, време е да се излезе на 17-ти октомври и да се гласа за создавање на нова иднина, за да се стави крај на зоранчињата.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново