Македонија
30. November 2020 - 14:58

Мицкоски: Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук статус повикува на протест, бидејќи како што тој вели од изјавите на премиерот Зоран Заев било очигледно дека имало преговори со Бугарија.

„Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија.

- Дали трговецот - премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси?

- Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста?

- Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?

Ве повикуваме на протести денес, затоа што утре може да биде доцна.

Оставка на Заев, слобода на народот!“ стои во фејсбук статусот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија. - Дали трговецот - премиер во заминување...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 30, 2020