Македонија
8. April 2018 - 16:19

Мицкоски очекува изгласување недоверба на владата - Заев очекува владата да опстане и да се зголеми мнозинството

Успешно гласање за недоверба на Владата на Заев и предвремени парламентарни избори прогнозира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Пратениците од неговата партија денеска ја поденесуваат интерпелацијата со која се враќаат во работата на парламентот по четиримесечен бојкот. Нивниот план е за нејзе да се расправа во среда.

Како што објавивме интерпелацијата содржи над 15 пршања со критики за отпшуштање на вработени, за преголемо задолжување, лоша даночна политика, непокачување на пензии, скандали во Домот за деца без родители,  набавка на возила во МВР од фирма која донорила во СДСМ, партизација на судството и партиска контрола врз советот на обивнители, нетранспарентност во Договорот со Бугарија и преговорите за името.

Додека Мицковски уверува во поддршката за недоверба на Владата, Заев во интервју за МИА пак, е сигурен дека и понатаму ќе ја држи власта.

Вели дека ги разбира критиките кои стигнуваат од граѓаните, но и дека ќе е неопходно повеќе време за промена.

„Јас, генерално, сум задоволен после 10 месеци до каде стигнавме. Се разбира, можеме и имаме намера да постигнеме многу повеќе“.

За кревкото парламентарно мнозинство вели дека е предност.

„Нема услови за создавање диктатор со такво мнозинство. Секогаш мора да се прави баланс. Да го удостоиш и сослушаш барањето и на најмалиот коалициски партнер. Тоа е демократијата. Од друга страна, кога зборувам за негово зголемување ги имам предвид одлуките што не чекаат, нивната сериозна тежина и значење. Не чекаат одлуки за НАТО и за ЕУ. Дај Боже за почеток за преговори, одлуки за прашањето што Грција го има со нашето уставно име. Не чекаат сложени реформи во вториот и третиот пакет“

Заев во интервјуто вели дека следуваат разговори со дел од пратениците од македонскиот блок и со помалите етнички заедници. Тој не одговара конкретно за тоа дека не биле испочитувани до крај процедурите при носењето на законот за јазици, но вели дека ова решение е заокружување на Охридскиот рамковен договор иу дека треба да заживее. Според премиерот, концептот „Едно општество за сите“ го создава и гради заедно со ДУИ и коалицијата.

КАТЕРИНА НЕШКОВА