Македонија
19. October 2019 - 16:51

Мицкоски очекува да се постигне договор за предвремени избори

Сценариото за кое постојано повторуваше опозицијата го потврди и Заев, рече лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицковски, по средбата со гостиварчани.

Предлогот на премиерот, за брзи предвремени парламентарни избори со техничка влада, за Мицковски е прифатлив. Тој очекува договор утре на лидерската средба, освен ако Заев не се предомислел.

За лидерот на опозицијата законите постојат и мора да се почитуваат, оти спротивното ја донесе земјата каде што е во моментво. Тој нема да прифати избори ако не се почитува договореното во Пржино.

На утрешната лидерска средба учествуваат и четири политички парии од албанскиот политички блок. Денеска само алијанса на алабнците имаше пратиски состанок, на кој ја поздравија одлуката на премиерот да побара предвремени избори.

Тие велат дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани.