Мицкоски: Образованието е основа на се, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да биде квалитетно
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на трибината по повод Светскиот ден на учителот насловена „Учителот - некогаш, денес и утре“ истакна дека образованието ни е важно затоа што без образование нема економија, а без економија нема живот, а без живот нема народ и нема држава.
- Затоа е многу важно образованието кое е основа на се ова да биде конкурентно, компетитивно и тој трансфер на знаење кој доаѓа од учителите до учениците да биде современ за да можеме понатаму да конкурираме на пазарот на труд и да конкурираме во економијата и на други држави кои ни се конкуренција во делот на странски инвестиции, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека во идната влада економијата ќе биде врвен приоритет, но составен дел од економијата е тој кадар кој зборуваше, односно кадарот кој ќе добие квалитетно и конкурентно образование.
- Затоа очекувам да се поразговара поконкретно во образованието што е тоа што денеска констатирано дека може да биде подобрено. А ние како идна влада понатаму тоа да го коригираме, подобриме, надградиме или да имплементираме нешто автентично кое ние ќе го понудиме, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека ќе се добијат одговори на многу прашања и нема дилема и убеден е дека тие одговори ќе ги слушнеме.
- Дозволете ми да го честитам денот на учителот и да посакам многу полни училишни клупи со многу ученици кои понатаму ќе ја градат нашата Македонија бидејќи без нив ќе нема народ, а без народ нема ни држава, изјави Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод
-
Гаши: Газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата