Македонија
30. July 2022 - 16:37

Мицкоски нуди лидереска средба за референдумското прашање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да го усогласува референдумското прашање поврзано со францускиот предлог и протоколот со Бугарија со власта на лидерска средба. Тој  очекува, согласно најавите, прв поддршка да се одржи референдум да даде шефот на државата Пендаровски.

Иако прашањето се уште не е дефинирано, Мицкоски вели тоа треба да биде во насока на тоа дали граѓаните поддржуваат Македонија да оди напред под услови на ултиматум или пак, под поинаков подостоинствен начин, како што вели, без асимилирање.

Пред да го усогласува со власта, Мицкоски вели, дека за референдумот ќе се консултира и со коалициските партнери и со партиските органи.

Според него, одржувањето на предвремени избори што ги бара опозицијата не треба да кореспондира со евентуалниот референдум.

Мицкоски најави и дека пратениците од неговата партија нема да го поддржат новиот заем на Владата од 100 милиони евра и нова енергетска криза доколку не даде отчет за тоа каде се потрошени претходните заеми.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е задоволен од активната блокадата во парламентот и вели дека биле спречени многу штетни закони за граѓаните. При тоа, од септември најавува и заострување на чекорите на пратеничката група во Собранието.