Македонија
23. October 2021 - 19:40

Мицкоски: Новата иднина е исправање на неправдите на ова наше општество

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба пред охриѓани потенцираше дека новата иднина е исправање на неправдите во општеството, победа над стравовите, како и победа над делбите на наши и ваши, леви и десни.

Новата иднина е исправање на неправдите, ослободување на стегите на ова наше општество. Победа над стравовите, победа над делбите на наши и ваши, леви и десни. Новата иднина е да работиме, да се креваме тогаш и кога паѓаме. Да постигнуваме резултати, да градиме, да создаваме. Да го заштитиме нашето, да се бориме за она во што веруваме, вели Мицкоски и порача: 

„Новата иднина е да го ослободуваме потенцијалот на слободната индивидуа, ова општество да се потпре на способните, напредните. Оваа држава има кичма да се исправи, и има ум да оди напред. Новата иднина е прагот од кој ќе почне да се остварува сонот за Македонија. Нашиот заеднички сон“.

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ