Македонија
30. јуни 2018 - 16:12

Мицкоски: Ние сме за ЕУ и НАТО, ама не со капитулација

Oпозицијата се одлучила многу пати во минатото и еве ќе го повторам нашиот став дека опозицијата цврсто чекори кон патот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, но доколку некој очекува од опозицијата да застане рамо до рамо со овие кои што ја потпишаа оваа капитулација, тогаш во најмала рака е премногу претенциозно да се очекува такво нешто од страна на опозицијата. Опозицијата го поддржува евро-атлантскиот пат на Република Македонија од самото нејзино формирање како политичка субјект ВМРО-ДПМНЕ е на таа траекторија и нема отстапување од таа траекторија. Но, истовремено опозицијата е свесна дека во услови кога целата македонска јавност и меѓународна заедница гледа како премиерот бара мито од повеќе 100-тици илјади евра, кога гледа дека Македонија е цврсто закована на дното по сите економски параметри во Европа, кога гледа дека нема реформи по ниту еден основ и во ниту една област во Република Македонија веќе повеќе од 13 месеци, тогаш на опозицијата и е јасно дека и покрај ова капитулантско дело евро- атлантска иднина за Република Македонија нема. Најмалку што треба сите оние министри кои што се занимаваат со евро-атлантските интегративни процеси на Република Македонија поради ова фијаско што го направија на дипломатски план да си поднесат од морален чин оставка веднаш.