Мицкоски: Ние не одбравме да фарбаме и кршиме државен имот како Заев, ние одбравме да помогнеме за добивање датум за преговори зошто нема друга алтернатива
ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партијата, иднината на државата е пред се над се. И тоа покрај тоа што можеби ВМРО-ДПМНЕ, губеше политички во одредени сегменти, сепак одлучи да ја поведе Македонија да оди напред и да ја поведе Македонија да биде дел од европското семејство, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Клан.
-Ќе ве потсетам, ние не одбравме да шетаме, да го бојадосуваме зградите, да ги кршиме просториите на претседателот на државата, на Владата на Република Македонија. Ние не одбравме како што заменскиот министер за финансии пишуваше дека Македонија не треба да се кредитира и на тој начин ја кредитираа Македонија, но граѓаните плаќаа повеќе поради кусогледоста, рече Мицксоки.
Лидерот на ВРО-ДПМНЕ укажа дека сето тоа е правено зошто се мисли на државата, зошто единствен пат за Македонија е европската перспектива. -Нема алтернатива, нема друга алтернатива за Македонија тоа е единствена алтернатива, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност