Македонија
21. December 2021 - 16:38

Мицкоски не верува во промени од новата Влада, за него ова е надградена верзија на заевизмот

Новиот владин кабинет на премиерот во најава Димитар Ковечавски нема да донесе промени, туку ќе биде само надградена и проширена верзија на заевизмот, коментира лидерот на опозцисиката ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по информациите дека новата Влада ќе има променет состав во редот на социјалдемократите. За Мицкоски, новиот лидер на СДСМ ќе биде нелигитимен премиер. Решение за проблемите на граѓаните се уште гледа во предвремени избори.

Мицкоски коментира и дека со неодамнешниот предлог лидерот на Алтернатива Гаши да биде технички премиер сакал да покаже дека ДУИ и СДСМ ги користат етничките теми за да ги прикријат вистинските проблеми.

Во меѓувреме, се уште течат последните консултации за тоа кој ќе си оди, а кој останува во кабинетот на Ковачевски. Засега официјална потврда дека повеќе нема да бидат дел од извршната власт дадоа Шеќеринска, Филипче и Царовска.

Според најавите Заев пак, оставката од премиерската функција во Собранието ќе ја поднесе утре по обраќањето на шефот на државата Пендаровски. Од тој момент целата Влада е во оставка. Со тоа седницата за пратенички прашања во четврток станува беспредметна, иако владата не дала отчет пред пратениците речиси половина година. 

Пендаровски, пак, во рок од 10 дена треба да го додели мандатот на новиот мандатар. Ковачевски ќе има 20 дена да ја состави Владата и да ја напише програмата. Сепак, овие рокови веројатно нема да бидат искористени до крај и се очекува државата да добие нова Влада веднаш по Нова година.