Македонија
28. February 2021 - 21:51

Мицкоски: Не успеавте четири месеци да нарачате вакцини, вие сте срам за Македонија

Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани, напиша на Фејсбук Христијан Мицкоски.

„Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира“, напиша Мицкоски.

Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално...

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, February 28, 2021