Македонија
3. October 2020 - 19:47

Мицкоски: Не може да има владеење на правото додека не се расчисти случајот „Рекет“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот протест пред обвинителството изјави дека не може да има владеење на правото во државата се додека не се расчистат случаите Рекет 1 и Рекет 2,но и додека не се вештачи мобилниот телефон на Бојан Јовановски.

Според Мицкоски, Јавното обвинителство молчи за криминалите на Владата бидејќи како што рече и обвинителството е дел од мафијата која ја помага и судството.

 

Зоран Јаневски