Македонија
16. August 2019 - 16:13

Мицкоски најавува офанзива за смена на власта, СДСМ возвраќа дека осомничените комуницирале и со него

ВМРО-ДПМНЕ подготвува офанзива за смена на власта, најавува лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски.  Битката за рушење на Владата била почната вели Мицкоски, а власта ќе биде изнанадена од чекорите што ќе ги преземе опозицијата против нејзе. Иако лиерот на ВМРО-ДПМНЕ не исклучува протести и блокирање на институциите, сепак, засега вакви активности не се планирани бидејки битката за победа на оваа власт не бил брз спринт туку долг маратон.

ВМРО започна со рушење на оваа неодговорна Власта кое секогаш и не е изразено на начин на којшто дел од нашите сограѓани очекуваат. Но, не со исклучени, ниту масовни протести од тие кој што ВМРО ги организираше но и од друг тип демократски алатки кои што ќе служат како отпор против оваа неодговорна криминална, октопод, куфер влада во Република Македонија. Воедно историјата не учи никогаш да не се избрзува со неодговорни отпори и спротивставувања на силите кои и пркоселе и ја одземале нашата слобода.

Мицкоски сепак, додава дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своите активности да биде алиби за неуспешноста на Владата во евроинтеграциите.

Тој повторно упати дека октоподот за случајот Рекет завршува кај премиерот Зоран Заев и негови блиски од владејачката структура. Побара притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева, како и одговорност од обвинителката Рускоска за бавната истрага. Мицкоски откри и дека до него секојдневно стигнувале пораки од бизнисмени кои исто така биле уценувани од власта, но детали најави за идниот период.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори и на прозивките од власта дека бил во контакт со второсомничениот Зоки Кичеец.  Мицкоски потврди дека се видел , но отфрла каква и да е незаконско дејство поврзано со него.

Од владејачата СДСМ пак, оваа изјава на Мицкоски ја толкуваат како потврда за нивните сомневања, а поставија и нови прашања до него.

Костадинов повтори дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, а доказ за тоа е дека клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, Империја, Мицкоски се обидел да го претстави како жртва.