Македонија
17. September 2019 - 12:20

Мицкоски најавува нов рекетарски скандал – добро утро Македонијо, време е за оставка и предвремени парламентарни избори

Уште еден ден од “животот” на Заев кој станува пекол. На почеток на денот, а бензините поскапеле, владата ги задолжува граѓаните за 61 милиони евра, и веројатно ќе посведочиме за уште некој криминално рекетарски скандал.

Добро утро Македонијо! Оставка, ПредвремениИзбори, ОбноваНаМакедонија, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на неговата официјална фејсбук страница.