Мицкоски на средба со туристички работници од Охрид: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде еден од приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ оствари средба со туристички работници кај автопатот Кичево Охрид каде беше потенцирано дека е приклучен, од секој од нас ќе зависат промените, и тоа што го гледаме на јавните мерења акламативна е поддршката за промени во Македонија на политичката сцена.
Мицкоски истакна дека автопатот Кичево – Охрид не е приоритет на оваа влада, туку се трошат 200 милиони евра на проекти кои не ги гледаме и додаде дека овој проект ќе биде еден од приоритетите на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
- Ова ќе биде приоритет уште од првиот ден на новата влада, да оваа делница биде направена и пуштена во употреба. Планираме да прв приоритет ни бидат проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти.
Од страна на туристичките работници беше истакнато дека во моментов коментарите се за лошата патна инфраструктура, има групи кои слетуваат на скопскиот аеродром и не им е јасно како до Охрид се патува 4 часа.
- Автопатот под итно мора да се заврши, сите кажуваме едно исто, никој не е задоволен, ни домашните, ни странските гости. Треба да се направи план кој ќе го следат идните генерации и за следните 50 години да знаеме како ќе изгледа ова место, велат тие.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Убиен еден од ограбувачите на златарница во Косово, ранет полицаец и приведени седум лица
-
Хамас соопшти кои 30 Палестинци ќе бидат разменети вечерва
-
Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени
-
САД се загрижени бидејќи Хамас и натаму наоѓа финансиска помош во Турција
-
Тепачка во казино во Гази Баба
-
Штип: Двајца дрвокрадци фрлале дрва кога биле фатени на дело со цел да побегнат од полицијата
-
Пријавена тепачка помеѓу два малолетници на Бит Пазар
-
Дачиќ: Да не ни се држат лекции од страна, три четвртини од земјите во ЕУ сега не би го поминале тестот