Мицкоски на средба со ММФ: Македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ и Трајко Славевски денеска имаа средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Северна Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, било потенцирано дека Северна Македонија има тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот.
-Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како, и наместо напредок, Македонија со години стагнира, и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа, истакнал на средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски потенцирал дека македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка со релевантните меѓународни институции.
Ново на Сител
-
Правда ги подготвува документите за екстрадиција на Палевски од Турција
-
Ковачевски од Брисел ја поздрави меѓународната поддршка за МВР во расчистување на двојното убиство
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе над 260 амандмани на буџетот за следната година
-
Охрид и натаму нема дневен центар за лица со посебни потреби
-
Во Прилеп намален бројот на пријави за семејно насилство
-
Во Штип и Карбинци за 30% се намалуваат месечните и годишните билети за јавен превоз
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР најави кривична, приведен уште еден осомничен за двојното убиство