Македонија
8. May 2021 - 16:43

Мицкоски на средба со граѓаните од Пијанец и Малешевијата

Реалноста за жителите од Малешевијата и Пијанец не е нималку розова, како што ја прикажува власта. Граѓаните живеат тешко и мачно, благодарение на политиките на Зоран Заев и СДСМ, истакна опозицискиот лидер Христијан Мицкоски при посетата на градскиот пазар во Делчево.

- Се послаб промет, се помалку купувачи, бидејќи, народот посебно од овој  крај се иселува масовно. Сретнав неколкумина кои ми кажаа дека ги полнат автобусите и заминуваат  на запад, во Италија, Германија, така што навистина една тешка слика и далеку од ветениот живот, далеку од она што беше говорено за време на предизборието, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицковски додаде дека, ВМРО ДПМНЕ на следните локални избори ќе понуди програма која ќе им овозможи на младите да работат за пристојна плата, да останат во своите родни огништа, а токму преку средбите и разговорите ќе научат, кои се приоритетните прашања и проблеми, за кои идните градоначалници од нивните редови ќе дадат вистински решенија.