Мицкоски на средба битанската амбасадорка Рејчел Галовеј
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на денешната средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј разговараа за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза во државата.
На средбата Мицкоски посочил дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее. Мицкоски укажал дека немањето на стратегија, визија и план од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел земјава да се придвижи напред.
Исто така, од страна на Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза.
Според Мицкоски, поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.
Мицкоски се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија, посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците на средбата изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.
Ново на Сител
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата