Македонија
20. September 2018 - 19:23

Мицкоски на Кукан и Флекенштајн им кажал дека Договорот со Грција за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на  денешната средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го повторил ставот дека неговата партија не може да го прифати Договорот со Грција зашто, како што рекол, е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во текот на разговорите заедничка била костатацијата дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на државата, животниот стандард на граѓаните, како и за реформските процеси во правосудството, здравството, образованието,...

На средбата станало збор и за актуелната политичка ситуација во државата, а на Кукан и  Флекенштајн им било укажано и дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ.ж