Мицкоски на Кукан и Флекенштајн им кажал дека Договорот со Грција за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го повторил ставот дека неговата партија не може да го прифати Договорот со Грција зашто, како што рекол, е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во текот на разговорите заедничка била костатацијата дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на државата, животниот стандард на граѓаните, како и за реформските процеси во правосудството, здравството, образованието,...
На средбата станало збор и за актуелната политичка ситуација во државата, а на Кукан и Флекенштајн им било укажано и дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ.ж
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море