Македонија
9. January 2021 - 14:53

Мицкоски на ФБ: Кога Заев најавува квантен економски скок, секогаш е година на сиромаштија за граѓаните

Ако ова е година на квантен економски скок за Заев, тогаш сигурно е година на сиромаштија на граѓаните. Тоа е искуството кое го имаме секоја година со овој систем на власт.

Потребно е пораз на системот, комплетно рестартирање на секое поле за да застане државата на здрави нозе. И се разбира, одговорност за сите кои се огрешиле спрема законите.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ