Македонија
23. September 2020 - 21:05

Мицкоски: Мора да има одговорност за незаконско прислушуваните разговори

Од зградата на Министерството за правда до пред Кривичниот суд Скопје, вечерва ВМРО-ДПМНЕ, го одржа протест против ,како што најави, „неправдите, реваншизамот и политичкото насилство“. Учесниците во тек на протесниот марш постојано скадира „Слобода, оставка и мафија на робија”.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор пред учесниците на протестот рече дека „правдата во Македонија е нападната“, истакнувајќи дека „селективната правда денес во Македонија е неправда“.

– Ништо не се смени за овие четири години под мафија. Тие како пред четири години како и денес ветуват исти работи. Ќе имало правда, ред, дисциплина. Ова влада нема решение за проблемите кој денеска се тешка сурова реалност. Една помината ноќ на невин човек во затвор е потешка од десет години на робија на криминалец. Во затворите има луѓе кој се таму поради политички прогон, а овие за кој Заев велеше дека се криминалци денеска гледаме дека се најблиску до него. Целта е едноставна. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која му се покори да му служи сакаат да имаат две парти, каде сложно ќе договарат кога да се смени власта, а тоа е кога нив им одговара, рече Мицковски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се покорила.

Мицкоски од овој протестен марш му упати и неколку барања на премиерот Зоран Заев, од кој едно беше и тој да го одржи ветувањето дадено во времето кога беше во опозиција и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој „ќе го исече од корен криминалот“.

– Ова не би требало да биде пречка за Заев, бидејќи истото го предлагаше пред да дојде на власт. Второ под итно да се спречи реваншизмот, да престанат притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската и Министерсвото за внатрешни работи. На сите тие кој се обесправени, ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Државата во моментов е без Комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира ова Комисија и да се донесе новиот Закон за заштита од дискриминација. Мора оние кое се подложни на уцени, закани да бидат заштитени. Сите предмети кој се познати по јавноста, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија. Не може во Македонија да владе правото ако не се открие под, чиј налог и под чија наредба беа незаконско прислушувани илјадници наши сограѓани, мора да се знае и затоа да се сноси одговорност тој што ја дал таа наредба, истакна Мицкоски.

Според него, не може да има владење на правото ако не се открие кој и зошто „ги полнеше кутите на референдумот, каде имаше избирачки места со излезеност поголема од 99 проценти“.