Македонија
13. October 2021 - 19:20

Мицкоски: Македонија е единствената држава која нема план во однос на енергетската криза застапена во Европа

Христијан Мицкоски во Тема на денот на Сител се огласи и за енергетската криза којашто е застапена секаде во Европа не само во Македонија, но тој нагласува дека Македонија е единствена држава која што нема план.

Мицкоски приложи фотографии од депонијата во РЕК Битола, која треба да е полна со јаглен. На почеток на грејната сезона депонијата изгледа така затоа што рударската опрема е удавена, односно е потопена од дождовите. Поради несовесно работење ја доведоа во таква состојба, да се дават машините, да нема ископ во Битола на наш јаглен и да мора да се увезува јаглен.

- Продаваат приказна во јавноста дека ќе увезуваат јаглен од Косово и вкупно бараат милион и двесте илјади тони. 300.000 за РЕК Осломеј, и 900.000 за РЕК Битола. За Осломеј еден ден да работи во капацитет кој што му е инсталиран, потребни се 300 камиони дневно да отидат и да се вратат. А во Битола таа потреба е три пати поголема. Таму треба најмалку 1000. За тие количини јаглен кои Владата планира да ги донесе од увоз бидејќи нема пруга, потребни се најмалку 1300 товарни возила секој ден во следните три месеци, бидејќи овие планирани количини ќе се потрошат за три месеци. Премиерот вчера вели дека за оваа потреба се одделени 500 милиони евра од буџетот. Чиви се тие пари? Во џеб ги има Заев? Тоа се пари на граѓаните, не ги носи тој од дома, објасни Мицкоски.

Мицкоски прикажа и дијаграм од МЕПСО, кој покажува дека во текот на вчерашниот ден Македонија била единствената земја на Балканот со кусок од 331 мегават, што значи дека граѓаните трошеле повеќе од шо државата обезбедила електрична енергија.

-Според мои информации од Брисел јавиле дека нешто се случува и дека вака не може. Дека мора да се обезбедат количини на електрична енергија. Само во вчерашниот ден фактурата за овој дебаланс ќе биде околу милион евра, рече Мицкоски.