Мицкоски: Компаниите од Македонија плаќаат најскапа струја во регионот
Владата често пати изминатиот период ја слушаме како вели дека повеќе од 72.000 компании добивале повластена цена на струјата. Излегоа податоците од ДЗС, излегоа податоците од ЕУРОСТАТ за правата половина од 2022 година, и од тоа можеме да заклучиме дека македонската индустрија, македонското стопанство, македонските компании плаќаат убедливо најскапа струја споредено со нивните колеги во регионот и 8ми се по скалата по највисока цена во Европа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Претседателот Мицкоски истакна дека согласно рангирањата на ЕУРОСТАТ од 40 држави, македонските компании се 8ми според висината на цената која ја плаќаат за струја, додавајќи дека поради тоа што власта не ги поддржува компаниите и стопанството, дел од нив се на работ на банкрот и на затворање на истите.
Мицкоски, објасни дека кога тој управувал со АД ЕЛЕКТАРНИ на Македонија, македонските компании плаќале четврта најевтина цена за струјата, или два ипол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа, укажувајќи дека колку подолго останат овие политички измамници од власта, толку полошо им се пишува на Македонија и граѓаните.
Јас во тој статус кој што утринава го објавив, се повикувам и на периодот кога јас управува со АД ЕЛЕКТРАНИ на Македонија. Тогаш во првата половина во 2017тата година, значи пред само 5 години македонското стопанство, македонските компании плаќаа четврта најевтина цена за струјата, или два и пол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа. Значи замислете за 5 години оваа влада која што ветуваше живот, која што ветуваше укинување на скапата тарифа, која што ветуваше бројчаници, која што ветуваше што ли уште не, не можам веќе да се сетам колку лаги изнакажа за македонските компании, за македонското стопанство според ЕУРОСТАТ, не според мене, цената на струјата за 5 години ја покачи за два и пол пати. Ете за таква влада зборуваме, и затоа колку побрзо оваа влада замине, толку побрзо на Македонија и македонските граѓани ќе им тргне. Колку подолго останат овие политички измамници, толку полошо и се пишува на Македонија, дециден е Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност