Македонија
18. December 2019 - 14:14

Мицкоски: Kој го спречува Заев да гo прочисти правосудството кога апсолутната власт е во негови раце?

- Кога по 3 години власт и криминализирање на целокупното оштество премиерот ќе ви рече мора да има правна држава, тогаш секој еден човек знае дека се работи за обично лицемерие. Уште поголемо лицемерие е кога тој човек ќе каже по цели 3 години власт дека мора да се испита имотот на судиите и обвинителите. Нема да помине ниту ден потоа и ќе го смени истиот тој став и ќе каже дека требало да се прочистат само неколку обвинители и судии, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој вели дека има има два логични заклучоци и тоа, првиот е прашањето кој го спречува Заев тоа да го направи до сега имајќи во предвид дека апсолутната власт е токму во негови раце и вториот заклучок е зошто да има само проверка на судии и обвинители а не на изворот на корупција во оваа држава политичарите и носителите на јавни и државни функции заедно со нивните семејства. 

Мицкоски додаде дека сеопфатна проверката и испитување на потеклото на имот е негова иницијатива каде политичарите и нивните семејства нема да бидат изземени како и останатите функционери од таквата проверкa.