Македонија
21. July 2021 - 20:42

Мицкоски: Ќе презентираме како до плата од 750 евра и како ќе го формализираме тргувањето со крипто валути

Денеска продолжуваме практично со она кое што започнавме во скопската општина Гази Баба, каде што ја имавме првата промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“. Денеска продолжуваме овдека во општина Карпош, после темата енергетика, после визијата на ВМРО-ДПМНЕ содржана во концептот „Македонија за сите луѓе во енергетиката, заштитата на животната средина“, денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата.

Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала.

Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот.

А, исто така денеска ќе зборуваме и за „Blockchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа.

Така што ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми. Тука се разбира ќе зборува и професорката Гордана Силјановска Давкова за владеењето на правото, ќе зборува Гордана Димитриеска Кочоска, и професор Лазаров за актуелната состојба во економија. Така што ценам дека тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината. 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ