Мицкоски: Ќе ја уриваме Владата се до предвремени избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави партијата после пропаднатата иницијатива за одржување референдум против Договорот за Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја урива оваа Влада се до организирање предвремени парламентарни избори.
За тоа дали опозициската партија ќе ја поддржи иницијативата на Левица, рече дека „играта на поднесување иницијативи можеме да ја играме до бескрај“, но дека е направен преседан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што претседателот на Собранието еден ден ќе одговара.
-Но видовте ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за неговите постапки тој човек ќе одговара, рече Мицкоски.
Првиот човек на опозициската партија го повтори барањето на неговата партија за оставка на премиерот Димитар Ковачевски.
-Во најмала рака Ковачевски треба да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место во Владата. Во јавноста се појавија две контрадикторни тврдења од страна на Ковачевски а тоа е дека како оправдание го користеше своето образование, го завршил факултетот па се запишал на постдипломски студии, па потоа веќе отслужувањето не било задолжително, за неколку месеци подоцна, осум месеци, даде изјава дека имал медицински пречки и дека поради тие хируршки интервенции не можел да присуствува, рече Мицкоски.
Ковачевски, рече тој, може да ја извртува вистината во СДСМ и помеѓу колегите во Владата, но факт е дека дезертирал.
-Јас сум три години помлад од него и јас магистрирав и се пријавив доборволно во 2003 и во 2004 година и го отслужував својот воен рок во гардискиот баталјон, рече Мицковски, кој денеска беше во посета на Велес.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово