Мицкоски: Ќе доставиме ново барање за анкетна со „Северна“, вистината за пожарот мора да се дознае
Ако власта има сериозна намера и ако вистински сака, анкетна комисија во Собранието може и треба да се свика веднаш, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој е подготвен, како што рече денеска, да поднесе ново барање, со употреба на придавката „Северна“, а поради тоа, ако треба, и да претрпи политичка штета, само за да се дознае и утврди вистината за несреќата во Тетово. Вистината мора да се знае, потенцира Мицкоски, и виновниците мора да се казнат.
Мицкоски уште еднаш обвини дека власта го смени Законот за градба и дозволи модуларната болница во Тетово да се постави „на диво“. Не се потребни меѓународни истраги, оцени, ниту да доаѓаат комисии од „ваму или од таму“, зашто работата е едноставна. Постапката е управна, рече, а процедурата промашена.
-Комисијата требаше да биде формирана пред два дена. Но, еве, јас нека бидам тој што ќе претрпи политичка штета. Што сега, форма ќе бараме? Зошто не сме ја користеле новата придавка? Еве, ќе поднесеме ново барање, ние нека ја трпиме таа политичка штета, јас лично, само нека се открие вистината за 14-те загубени животи и да има одговорност, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.
Ново на Сител
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката