Мицкоски: Ќе донесеме закон со кој нема да се дозволи увоз на тутун додека не се продаде и последниот лист домашен тутун
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на трибина Промоции на политики Македонија за сите луѓе пред прилепчани вели дека ќе се донеси закон за тутун со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи последниот лист домаше тутун, посочувајќи дека ќе се врати достоинството и развојот на градот.
Нема да има тутунари кои што нема да бидат задоволни затоа што првата работа што ќе ја направиме за тутунарите е да донесеме закон со кој што ќе биде забранет увозот на тутунот додека тутунот кој што е непродаден не се продаде до последниот лист и тоа го ветувам овде во Прилеп, до последниот лист произведен тутун, закон во македонскиот парламент, вели Мицкоски.
Мицкоски порача дека мотото и целта на ВМРО-ДПМНЕ е Прилеп повторно да стане најмоќен град во Пелагонија.
Тоа се работи кои што ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток на идната влада која што ќе треба да се случи веднаш после победата на локалните избори до крајот на оваа година ќе ги донесе. Стојам овде, одговорно ве гледам во очи и ви го ветувам тоа, нема веќе неправди, ќе има развој и ќе го вратиме достоинството заедно со идниот градоначалник на Прилеп, за Прилеп повторно да биде најмоќниот град во Пелагонија. Тоа е нашата цел и тоа е нашето мото, јас ви го ветувам тоа, порача Мицкоски.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто