Македонија
24. October 2021 - 14:16

Мицкоски: Како граѓаните да се чувствуваат безбедни кога полицијата под водство на СДСМ организира следење и шиканирање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Пештани одговарајќи на новинарско прашање во однос на злосторничката групација формирана од полициски службеници под водство на Заев и министерот за внатрешни работи, за малтретирање на граѓани во изборна кампања истакна дека има повеќе докази кои се доставени до меѓународната заедница и го повика обвинителството да отвори истрага.

„Да, имаме повеќе вакви докази што се доставени до меѓународната заедница, го повикувам и обвинителството да излезе со истрага и таа истрага да кулминира со кривична пријава, бидејќи таму имаме повеќе од 40-тина полициски службеници кои што се блиски до владејачката партија до СДСМ, гледате таму каква реторика има, гледате каков е речникот на тие луѓе кои што треба да бидат пример во средините каде што функционираат, за жал тие се само од тоа што го прочитав не се пример во општината и предизвикаа една жестока турбуленција во мојот стомак и едно чувство на гадење. Повеќе од двајца, според кривичниот законик е злосторничко здружување, така што го повикувам обвинителството веднаш да постапи затоа што ќе даде лош пример, а ќе даде лош пример во насока на обесхрабрување на граѓаните бидејќи нема правда во оваа држава, ако тоа може да го прават на најголемата политичка партија во Македонија и ако тоа може да го прават на идниот градоначалник на таа општина станува збор за општина Прилеп каде што Борче Јовчевски убедливо победи, би рекол 2 спрема 1 наспроти неговиот политички противник кандидат за градоначалник, тогаш како ние граѓаните можеме да се чувствуваме безбедни, кога истите тие што треба да се грижат за нашата безбедност всушност ја загрозуваат нашата безбедност. на ова мора да му дојде крајот и затоа го повикувам обвинителството веднаш да постапи според овие индиции“, нагласи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ