Македонија
23. January 2020 - 16:47

Мицкоски ја обвини власта дека го кочи законот за јавно обвинителство, Заев тврди дека опозицијата ја кочи правдата

Хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите. Со долг список забелешки опозицискиот лидер влегува во новата рунда преговори за измени на законот за јавното обвинителство. Изборот на новиот јавен обвинител како и вдомувањето на обвинителите на СЈО за опозицијата претставуваат уште еден начин по промената на власта да се заташкаат како што велат, сите неправди на Заев и неговите соработници

Заев со контраобвинувања. Вели, забелешките на ВМРО-ДПМНЕ доаѓале од Груевски и имале за цел да ја закочат правдата. Според него, позициите на опозицијата се далеку од нормалното.
Мицкоски и денеска повторно ја отвори темата опозицијата да го избира новиот јавен обвинител. Заев вели, тоа е доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека ќе ги загубат изборите

Повеќе од една година власта на СДСМ се обидува да го смени законот за обвинителството. По три различни верзии Владата се надева дека ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство пред распуштањето на Собранието на 12 февруари.