Мицкоски и Силјановска на средби со Кукан и Петир во Брисел
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска (20 март 2019-та година) заедно со кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, во Брисел остварија средба со европратеникот и известувач во Европскиот Парламент за Република Македонија Едвард Кукан и со европратеничката Маријана Петир.
На средбата од страна на претседателот Мицкоски беше посочено дека во Република Македонија е загрозена правната држава и владеењето на правото и дека се соочува земјата со широко распространета појава на корупција што е и нотирано во релевантни извештаи на меѓународни организации.
Политичкиот прогон и злоупотребата на апаратите на државата за пресметка со опозицијата станува основа на политичкото делување на власта. Од друга страна имаме назадување со почитувањето на човековите права и отсуство на волја да се работи на воспоставување на трајни механизми за борба против криминалот. Додека сето ова се случува, имаме целосно назадување на економскиот стандард на граѓаните и широко распространето иселување од земјата што е последицата на штетните политики на Владата, изјави Мицкоски.
Од страна на Гордана Силјановска Давкова беше образложена нејзината заложба за владеење на правото и силна правна држава која ќе мора да ги гарантира човековите права и слободи. Претседателот на државата во таа смисла има важни овластувања кои треба да овозможат заштита на граѓаните и правна сигурност. Несомнено тоа е и важен предуслов за напредок кон европските интеграции што е и наша стратешка цел, посочи Силјановска.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето