Македонија
25. March 2021 - 21:21

Мицкоски го повика Заев за средба за да разговараат за експертска или широка Влада

Лидерот на опозицијата Мицкоски го повика премиерот Заев на тет-а -тет средба, каде би се постигнал консензус за сите прашања. Не ја исклучува можносота за одложување на локалните избори, како и за создавање ексертска, широка Влада. Кога да се сретнат – остави да прецизира премиерот, а тој бил подготвен да разговара за сите проблеми кои се од животно значење на граѓаните

-Подготвен сум да разговарам на било која тема – за избори, експертска Влада, ширика коалиција, за се. Граѓаните го очекуваат тоа, тие се во грч. За екосомската ситуација да не зборуваме. Кај некои, личната состојба е на работ на издржливост за пристоен живот, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски во гостувањето на Сител со нов предлог – одложување на пописот додека не се вакцинираат сите попишувачи. Операција која би треаела месец, месец и половина. Ако власта се грижи за здравјето на граѓаните, во време кога бројките на новозаболени и починати растат,, според него – одложување на пописот за некој месец е неизбежно. Во спротивно - ги повика граѓаните да не ги проимаат дома лицата кои не се вакцинирани.

Веднаш нека ни донираат вакцини за попишувачите, нека ги имунизираат, за месец дена ќе заврши, месец и пол и тогаш нека се спроведе. Првиот момент кога ќе има имунизирани попишувачи, ние сме тие кои ќе го поддржат пописот. . Ние сме Да за попис, но не во вакви услови. Нема казни за граѓаните кои нема да ги примат дома попишувачите. Со Устав им е загарантирано правото да одберат здравје, додава Мицкоски.

Мицкоски  со порака и до спикерот Џафери – да не го слуша лидерот на неговата партија, туки да работи за доброто на граѓаните. Како втор човек на државата, негова обврска е да најде решение за деблокада на Собранието, каде се заглавени илјадници закони.